Македонија
10. May 2021 - 16:46

Со изјава од Пекер опозицијата тврди дека бил на средби со премиерот, Владата демантира

Седат Пекер тврди дека се среќавал со премиерот Заев и бил кај него дома. Опозицискиот лидер Мицкоски со видео на социјалните мрежи тврди дека Заев имал лични релации со турскиот бегалец Седат Пекер.

„Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата "Мафија" се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР? Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага? Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.“ – пишува Мицкоски на социјалните мрежи.

Мицкоски порачува дека по промената на власта оваа афера за која веќе има и неколку судски пресуди повторно ќе биде отворена.

Од Владата демантираат дека Заев имал средба со Пекер.

„Претседателот на Владата немал средба со лицето за кое прашувате“ – стои во краткиот одговор кој го добивме од Владата.
Демант стигна и од СДСМ.

„Мислам дека е крајно несоодветно да коментирам, едно е што некој кажал, може да каже што сака, вистината е нешто сосема друго. Фактите се дека МВР спроведе успешна акција. Било каков обид за инволвирање на претседателот Заев отфрламе. ВМРО-ДПНЕ не успеа, а тоа е да ја попречи акцијата на МВР за пасошите.“ – вели за Сител партискиот портпарол Костадин Костадинов.

Седат Пекер е лице по кое подолг период трага турската полиција која го сомничи за серија тешки кривични дела. Тој е едно од лицата за кои ВМРО-ДПМНЕ објави дека добиле фалц македонски пасош во аферата која тие ја нарекоа Мафија.

За неа, МВР приведе десетина лица а обвинителството експресно ги обвини. Во тек е судски процес во кој најголемиот дел од нив ја признаа вината и добија затворски казни помали од 3 години