Македонија
22. January 2020 - 16:52

Со флаери на аеродромите патниците ќе се информираат за смртоносниот корона-вирус од Кина

67 годишен жител од крушевско село се бори за живот на Клиниката за инфективни болести поради компликации од грипот. Приклучен е на апарати за дишење а инфектолозите велат дека кај нив е префрлен од Пулмологија каде го лекувале од хронични белодробни заболувања. На Инфективна болнички третираат уше десетина пациенти со пневмонии како последица на вирусот. Епидемиолозите предупредуваат дека заразата зема замав.

- Минатата недела веќе имаме над изјада заболени што е двојно повеќе од претходно а од 40 примероци испратени во лабораторија, кај половината е потврден грип, вели др. Владимир Микиќ епидемиолог во ИЈЗ.

И додека болниците се полни со грипосани, закана за светот е и смртоносниот корона вирус од кој во Кина досега има 9 починати и над 500 заболени. Македонските здравствени власти велат дека нема простор за паника и преземање на дополнителни мерки. На Комисијата за заразни болести денеска заклучиле дека засега нема да ја стават во функција термалната камера туку само ќе има информативни материјали на скопскиот аеродром за патниците.

- Оние кои би оделе во Кина како да се заштитат, да не одат на пазари каде има жива стока, да не бидат во контакт со заболени а оние кои се враѓаат и доколку имаат симптоми да знаат каде да побараат помош, вели др. Микиќ.

За разлика од кај нас каде надлежните велат дека ризикот за ширење на болеста е многу мал, српскиот министер за здравство апелираше до граѓаните доколку немаат потреба да не патуваат во местата каде го има вирусот а ги зајакнале и контролите на аеродромите. Термалните камери се во функција и на неколку европски аеродроми а проверка на телесната температура има на аеродроми, желенички станици и автопати во голем број азиски земји. Светската здравствена организација денеска свика вонреден состанок поради ширење на смртоносниот вирус и надвор од границите на Кина. Заболени пријавиле јапонија, Тајланд, Северна Кореја а прв случај е регистриран и во САД.

Епидемиолозите велат дека ова е нов вирус кој мутирал а симптомите се висока температура, треска и отежнато дишење. Голем број од заразените во Кина се во тешка состојба а меѓу заболените има и здравствнеи работници.