Спорт плус
30. April 2017 - 9:36

Со еден удар ги освои сите појаси,Џошуа го нокаутира Кличко!!!

На боксерскиот спектакл што се одржа на Вембли пред рекордни 90 000 гледачи Британскиот боксер Ентони Џошуа го совлада Украинецот  Владимир Кличко со технички нокаут во 11. рунда и ги освои титулите ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија.

Украинецот два пати беше нокаутиран но првиот пат во петтата рунда кога сепак успеа да се поврати но вториот напад не го преживеа.
Ова е 16-та победа на Џошуа во кариерата и сите со нокаут, додека на Кличко кој е 14 години постар од ривалот ова му е 5-ти пораз во 64-тиот професионален меч.