Свет
4. August 2016 - 11:28

Со дрон во Чернобил: Овие сцени и фотографии до сега не се видени после катастрофата

Некогаш бил град со скоро 50.000 жители, денеска ова место во Украина е напуштено и морничаво, поради катастрофата која се случи во 1986. Ова е место земја на чудата за истражувачите и фотографите, но радиактивноста е толку висока што никој не смее да оди на тоа место.

Сепак, англискиот фотограф го истражи ова место со помош на дрон.

Оваа зона ја чува полицијата, а фотографиите кои ќе ги видите се направени со помош на дрон, што ни нуди единствен, нов поглед на руините на градот.

Кога бил изграден и населен од работниците во Чернобил, градот имал 15 основни училишта, болница, 27 ресторани, 35 игралишта, 25 продавници, 10 теретани и три базени.

Забавниот парк требало да биде отворен на 1 мај 1986 година, но е разнесен кога се случила експлозијата на 26 април, Паркот сепак бил отворен на 27 април на неколку часа, како луѓете би ги тргнале мислите од опасноста дека умираат во страшни болки и радиација.

За среќа, луѓето биле евакуирани на време, пред токсичните материјали да стигнат до тој дел од градот и луѓето.