Македонија
27. March 2021 - 12:10

Со „БМВ“ прегазил дете и жена кај Непроштено

Возач на „БМВ“ вчера попладне удрил и тешко повредил два пешака на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Непроштено, информира полицијата.

Според МВР патничко возило „БМВ”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(30) од с.Глоѓи, тетовско, удрило во малолетен пешак и во М.А.(42), двете од Непроштено.

По незгодата, пешаците се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде им се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.