Македонија
6. April 2019 - 14:05

Со акција за хортикултурно уредување се одбележуваат 27 години од работењето на Царинската управа

По повод 27 години од своето работење, денеска на граничниот премин Делчево, Царинската управа реализираше акција за хортикултурно уредување на самиот преминот.

Акцијата, како што информираше раководителот на Царинската управа, Игор Спасовски, беше сеопфатна со вклученост на вработени во царинската управа од соседна Р. Бугарија.

– Одлучивме овој јубилеј да го прославиме со акција за хортикултурно уредување, како и расчистување на пределот околу самиот граничен премин Делчево. Во оваа акција земаа учество сите царински службеници од царинарница Штип, а на нашиот повик се одзваа и припадниците на Гранична полиција, локалната самоуправа на општина Делчево и колеги од бугарската царинска служба, информираше Спасовски.

Царинската управа е составена од повеќе организациони единици. Во нејзин состав, додаде Спасовски ,влегуваат Царинска испостава Велес, Царинска испостава Штип, службата за надзорно и материјално одобрение  од Штип, како и царинска испостава Делчево , што е на самиот граничен премин Делчево.

Одбележувањето на јубилејот продолжи со спортски активности на кои учество зедоа екипа на царинарница Штип, екипа на гранична полиција Делчево, локалната самоуправа и екипа на царинската служба од Бугарија.