Свет
5. September 2020 - 9:19

Со 300 милијарди долари Трамп ќе ја помогне економијата на САД

Со нови 300 милијарди долари, американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да даде  стимул за американската економија, јавија американски медиуми.

– Имаме подготвени 300 милијарди долари. Се што треба да стори Конгресот е да гласа за новиот пакет економска помош, нагласи Трамп.

Неговите забелешки доаѓаат во време на жестока изборна битка околу претседателските избори на 3 ноември.

– Во пресрет на изборите, американската економија ќе покаже невиден раст, додаде Трамп.