Бизнис
23. October 2015 - 20:26

Со 28 мерки и обуки државата ќе ја намалат невработеноста догодина

Усвоениот Оперативен план за намалување на невработеноста за наредната година нуди можност и за граѓаните и за работодавачите да изберат најсоодветен модел за нив. Со некои од мерките невработените ќе се вработат а со некои ќе се дообучат за да можат полесно да најдат работа.Фирмите пак повторно ќе имаат можност да се прошират без поголеми трошоци. Експертите го поздравуваат донесувањето и сметаат дека активните мерки и политики го дале својот позитивен ефект и резултат изминатите години , со што намалување на невработеноста може да се очекува и наредната година.

Планот за наредната година се состои од 28 мерки и обуки кои се достапни за сите невработени лица и работодавачи. Државата ќе продолжи да ги реализира програмите за самовработување како и бројните мерки за субвенционирано вработување. Од мала фирма од ИТ секторот велат дека мерките се одлична можност за нив да го прошират својот тим.

Меѓу новите мерки кои се воведуваат наредната година се и грантовите за отварање на градинки и домови за стари лица. За спроведување на Оперативниот план издвоени се 11,5 милиони евра. Се очекува да се вработат близу 9000 лица.