Снимката за „Поткуп“ и денеска не се пушта, се разгледуваат други ПИ мерки
Интегралната снимка за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, нема да биде пуштена и на денешното рочиште во Кривичниот суд бидејќи Апелација се уште не се произнела по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.
Обвинителството се жали на одлуката на Судечкиот совет јавноста да не биде исклучена кога ќе се пушта снимката во судницата.
Адвокатите на Заев побараа исказот на сведокот Иван Николов Сачевалиев од претходното рочиште да не биде прифатен како доказ во постапката. Тие сметаат дека судската постапка не може да се базира на неговиот исказ бидејќи тој бил агент провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. За ова барање Судечкиот совет најави дека дополнително ќе се изјасни.
Рочиштето во моментов продолжува со репродуцирање на телефонски разговори прибавени со ПИ мерки, без присуство на јавноста.
На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај.
Сачевалиев рече дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна. Тој пред судот посочи дека откако ја имал опремата за снимање на него, го наведувал Заев да го каже тоа што е прикажано на снимката.
Сачевалиев на почетокот на рочиштето тврдеше дека премиерот Зоран Заев му побарал поткуп за приватизација на државно градежно земјиште. Но, подоцна кажа и дека не дал ниту евро на семејството Заеви.
На прашање на судијата дека пред Судот ги менувал исказите во врска со изјавите што ги давал пред Јавното обвинителство, како и за тврдењата на адвокатите дека три пати давал изјава во Обвинителството, Сачевалиев одговори дека се сеќава оти потпишал два записника, а дека третиот првпат го гледал.
Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца