Свет
2. February 2016 - 11:43

Снегот на југот на Кина запре 100.000 Кинези

Во пресрет на кинеската Нова година, кога Кинезите традиционално масовно патуваат, снегот и мразот „запреа“ околу 100.000 Кинези, соопшти денеска полицијата.

Доцнат голем број возови од провинцијата Гуангџоу кон север и централните делови на Кина, така што околу 100.000 лица се наоѓаат на двете најголеми градски станици во Гуангџоу и Источен Гуангџоу, а за јавниот ред се грижат речиси 4.000 полицајци, пренесуваат француските медиуми.

Гуангџоу е голем кинески економски центар во кој живеат и работат голем број луѓе и тие традиционално секоја година во текот на новогодишните празници патуваат во своите родни краишта.

Оваа година Кинезите Нова година ќе ја дочекаат на 8 февруари и тоа ќе биде година на мајмунот. Тоа  е знак на многу позитивни особини и го следи добра среќа и радосен живот, па таква треба да биде и претстојната година.

Кинеската Влада процени дека во текот на годинешната прослава, која ќе трае 40 дена, ќе бидат реализирани 2,91 милијарди патувања.

Поголемиот дел од Кина од крајот на јануари е под удар на ладен бран, така што снегот падна и во оние делови од земјата каде вообичаено никогаш не паѓа.