Снегот ќе ги заштити есенските посеви од студ
Формираната снежна покривка во Македонија ќе ги заштити есенските посеви од ниските температури, велат агрометеоролозите.
Според нив, издржливоста на посевите во вакви услови е многу поголема.
УХМР најавува постудено време во наредните денови. Подолгото задржување на ниските температури, нагласуваат експертите, може да предизвика измрзнување кај младите лозја и овошки, посебно долж Повардарието и во Малешевијата. Посебно ризичен беше поларниот студ изминатата недела кога во житородните региони Битола и Штип беа измерени -24,6 и -20,6 степени.
- Минималните температури изминатиот период, од -10 во Гевгелија до -28 во Берово и -16,6 во Демир Капија, укажуваат на опасност од делумно измрзнување на родните окца кај виновата лоза, особено кај младите насади. Слична е состојбата и со овошните насади во Малешевијата каде температурите беа повисоки од -28 степени, а издржливоста на коскестите видови е од -25 до -35, особено кај младите насади кои имаат поголемо количество сокови во стеблото и гранките и се поподложни на измрзнување, оценуваат агрометеоролозите.
Евентуалните штети од измрзнување во овој момент не може да се констатираат се додека не почне пролетното кроење кога не е исклучено и да се корeгираат одредени состојби.
Ново на Сител
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО