Балкан
16. May 2016 - 21:44

Снег во мај во Србија и Црна Гора, можеме ли да очекуваме во Македонија?

Иако 2016-­та го доби предзнакот најтопла година, невообичаено за овој период од годината, снег утринава падна и во делови од Црна Гора и Србија.

Снегот во северниот дел од Црна Гора го најавиле метеоролозите, а според податоците на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, во Плевља паѓал умерен или силен снег, каде е измерена температура од само еден степен над нулата.

Снег наврна и на повеќе места во западна Србија, како Ивањица, Пријепоље и Нова Варош.

Поради снегот утрината без струја останале неколку планински села.

Во Македонија денеска имаше голем температурен пад, па останува да видиме дали невремето ќе стигне и кај нас.