Loading Video...
Свет
26. September 2020 - 21:15

Снег во Босна и Херцеговина

26 лица загинаа а едно е тешко повредено во пад на украински воен авион во близина на Харков. Несреќата се случила доцна синоќа во текот на тренажен лет. Во леталото имало седум офицери и 20 кадети на укрианското воздухопловство. Претседателот Зеленски за време на посетата на местото на несреќата изјави дека е формирана комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата.

Ако светот силно не се мобилизира во пандемијата со корона вирусот ќе има два милиона мртви предупреди првиот човек на СЗО за вонредни ситуации Мајкл Рајан. Тој повика на рамноправна распределба на идните вакцини. Досега во светот од ковид 19 починаа речиси 1 милион луѓе а над 32 милиони се заразени од кои седум милиони се во САД.

Граѓаните на Швајцарија утре на референдум ќе одлучат дали ќе се откажат од договорот за слободно движење на луѓето со ЕУ. Укинувањето на договорот го бара десничарската популистичка народна партија на Швајцарија . Од паријата велат дека ова ке и овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги избере само мигрантите кои ги сака. Според противниците, тоа ќе ја втурне здравата економија во рецесија и ќе ги лиши стотиците илјади швајцарски граѓани од слободата да живеат и да работат низ цела Европа. Министерот за правда вели дека тоа ќе создаде ситуација „полоша од Брегзит“.

Падна првиот снег на планините во Босна и Херцеговина. На социјалните мрежи се објавени фотографии и видео снимки од побелените врвови на Бјелашница и на Јахорина. Снег падна и во Италија и во Австрија а најави за снежни врнежи има за Словенија.