Македонија
29. January 2022 - 8:17

Снег вее во Крива Паланка, на Ѓавато и Попова Шапка

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Ѓавато, Крива Паланка и Попова Шапка.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ