Македонија
17. January 2022 - 12:19

Снег од петок

Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок.

Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните
делови посончево. Во западните делови на повисоките места и на планините попладне ќе има повремени слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд.

Кон крајот на денот повремен снег ќе има и во североисточните делови. Попладне ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје времето е променливо облачно со слаба магла. Попладне ќе дува умерен северен ветер.