Живот
24. July 2015 - 9:37

Смртоносни професии: 10 занимања во кои луѓето најчесто се самоубиваат

Понекогаш притисокот на работа едноставно е посилен од човекот, а тешките и одговорни работни места со себе повлекуваат и поголема стапка на самоубиства, покажуваат податоците на американскиот Национален институт за професионална безбедност и здравје.

Истражувањето, со кое биле опфати над 100 самоубиства, покажало дека стоматолзите се многу „самоубиствено настроени“, а лекарите уште повеќе, со стапка на самоубиства од речиси 100 отсто над просекот.

Инжинерите, финансиерите и адвокатите се исто така на листата на „загрозени“ од самоубиства, како и некои работнички занимања кои бараат посебни вештини.

Сигурно ќе ве изненади кој е на прво место!

Надолу следи листата на занимања чија веројатност дека нивните носитли ќе извршат самоубиство е поголема од просекот:

19. Научници – 1,28 пати

18. Фармацевти – 1,29 пати

17. Прецизни столарски техничари – 1,3 пати

16. Електричари – 1,31 пат

15. Оператори за топлотна обработка – 1,32 пати

14. Земјоделци – 1,32 пати

13. Стругари  – 1,33 пати

12. Адвокати – 1,33 пати

11. Составувачи на електрична опрема – 1,36 пати

10. Продавачи на недвижности – 1,36 пати

9. Техничари за рачно моделирање – 1,39 пати

8. Градски планери – 1,43 пати

7. Контролори на тешка градежна техника – 1,46 пати

6. Киропрактичари – 1,5 пати

5. Финансиски работници – 1,51 пат

4. Ветеринари – 1,54 пати

3. Стоматолози – 1,67 пати

2. Лекари – 1,87 пати

1. Бродомашински техничари – 1,89 пати

Овој листа се однесува на мажите, бидејќи за нив постои најголема база на податоци.

Кај жените, професија која накмногу поттикнува на самоубиство е лекарската (2,78 пати поголема од просечната), потоа работи поврзани за продажба (2,42 пати над просекот) и полициската (2,03 пати поголема од просекот).