Бизнис
17. December 2018 - 21:14

Сметководителите се подготвуваат за даночната реформа

На две недели пред стартот на даночната реформа сметководителите се подготвуваат за законските измени. Се подготвуваат софверите за новиот начин на пресметка на даноците, но и за зголемен обем на работа. Велат дека поголем број граѓани сега ќе имаат потреба од сметководител, а тоа е светска практика.

Од Нова година персоналецот за приходите над 90.000 денари ќе изнесува 18%. Со 10% ќе се даночат парите до оваа сума, а со плус 8% разликата. Приходите пак од кирии, дивиденди, добивки од игри на среќа и друго ќе се даночат со единствена стапка од 15%. Владата планира по овој основ во буџетот да велзат дополнителни 25 милиони евра.