Бизнис
22. January 2021 - 20:16

Сметководителите на протест пред Владата следната недела

Сметководителите на протест во вторник, ако Владата не им го продолжи рокот за поднесување годишни завршни сметки. По неколкуте обиди да стапат во контакт во владините претставници, и, како што велат, немањето слух за нив, се одлучиле на ваков чекор. Тврдат дека рокот им е прекраток, дел од колегите се или болни или во самоизолација, а казните и пеналите за доцнење се големи. Пролонгирање, по примерот на соседните земји бараат и од Комората на сметководители.

- Во Србија и Бугарија рокот е продолжение до 30.06, во Хрватска до 30.4, во Германија до 31.3 за големи ентитети и 30.6 за малите претпријатијата, во Франција и Шведска до 31.7 итн. Дополнителен проблем кој се јави во 2020 година, поради ширењето на негативните ефекти од здравствено-економската криза е тоа што огромен број на сметководители и овластени сметководители, како лица на чиј товар паѓа подготовката на годишната сметка и финансиските извештаи, од здравствени и други причини беа оневозможени непречено да ги извршуваат своите активности, изјави Благоја Грозданов, член на УО на Комора на сметководители.

Продложувањето на рокот нема да има никакви фиансиски импликации врз буџетот, тврадт од Комората. Бараат и нова законот за вршење на сметководствени работи, со кој ќе се реулира професијата, односно ќе се знае кој може, а кој не да биде сметководител. На тој начин би се намалила сивата економија.

- Бараме и повлекување на членот странци да можат да работат кај нас, а ние да не можеме да работиме надвор, изјави Александра Андреева, член на УО на Комора на сметководители.

Во земјава околу 10 илјади лица се овластени сметководители. Тврдат дека професијата им е загрозена, а со најавените законски зимени дополнително ќе се влоши.