Бизнис
18. January 2021 - 16:34

Сметководителите бараат одложување на роковите, ако нема одговор ќе организираат протест

Државата цела година се однесува како сметководителите да се имуни на КОВИД 19. Се носат закони, се менуваат правила, се носат мерки, роковите остануваат исти, а и казните и каматите исто така. Сметководителите бараат средба со владни претставници најдоцна до четврток попладне во спротивно ќе организираат протести, а не е исклучена ни можноста за генерален штрајк.

Главно барање на сметководителите е да се пролонгираат роковите за поднесување ДДВ пријави и годишна сметка. Оние кои имаат доказ дека биле болни или во изолација да не плаќаат казни и камати за задоцнето поднесување. Да се води сметка кога се носат мерки затоа што сметководителите постојано ги бркаат роковите за исплата на плати.

Сметководителите велат дека сите влади без барања ги пролнгирале роковите за достава на сметки. Пример во Србија, рокот за поднесување завршна е продолжен до 31 јули 2021, кај нас останува 15 март.