Живот
27. December 2018 - 21:28

Слушнале детски плаче среде ноќ на пазар, кога се приближиле ШОК: Бебе старо 2 недели оставено на тезга, причината го кине срцето

Станарите кои живеат близу до еден пазар во Бангкок минатиот четврток доцна вечерта слушнале детски плач од правец на пазарот. Неколку минути подоцна таму пронашле оставено дете.

Детето кое го пронашле било старо околу две недели, а оставено е откако се слушала гласна кавга.

Поради очевидци ветуваат дека бебето е оставено по усвитена кавга меѓу нејзините родители. Бебето е пронајдено на една тезга, замотано во сино ќебе.

Откако на самото место се појавиле полицајци и Итна помош, бебето е прегледано и откако е утврдено дека нема видливи повреди, одведено на натамошна нега во болница. Таму лекарите процениле дека е старо меѓу 10 и 20 дена.

„Не знам кој би оставил бебе на тезга на пазар. Покрај него е пронајдено и се што е потребно за нега на бебето“, изјави службеничка од Итната помош.

Бебето уште неколку дена ќе остане во болница, а потоа ќе биде преместено во сиропиталиште, доколку не се јават родителите или некој од роднините во крвно сродство во бебето.

Според податоците на полицијата, очевидците виделе двојка со бебе како се караат пред бебето да биде оставено, па постои можност тоа да е напуштено поради пробелми меѓу мајката и таткото.