Живот
3. January 2017 - 13:28

Слушнала како ја нарекуваат сопругот и љубовницата па направила нешто неверојатно

 
Бетси Ајала од Хјустон, Тексас, ја зголемила тежината за 30 килограми по породувањето во 2013 година. Шест месеци подоцна таа открила дека нејзиниот сопруг има љубовница, и ги нашла нивните пораки во кои ја нарекуваат со погрдни имиња исмевајќи ја нејзината тежина.
 
Нејзиниот сопруг и љубовницата ја нарекувале Бетси – дебела крава! Но таа не паднала во очај поради тоа, туку решила нешто да преземе. Побарала поддршка од нејзината сестра и ги заменила чоколадите со зеленчук, почнала да вежба. Денеска со 45 килограми помалку, смета дека неверството на сопругот за неа било благослов!
 
 
– Во тоа време бев изгубена. Не знаев што да правам со себе. Имав 118 килограми и шестмесечно бебе и се на што работев и за што се трудев едноставно – исчезна. Сега искрено мислам дека неговото неверство е благослов бидејќи ако не се случеше, јас ќе останев таква засекогаш. Сега имам втора шанса, нов почеток. Решив мојата ќерка да се гордее со својата мајка и да бидам пример за неа – вели 34 годишната Бетси, маркетинг – менаџер.
 
– Кога се роди детето навистина бев во тешка ситуација, бев во депресија и качив 30 килограми. Во септември почнав со диета, а околу Божиќ дознав дека мојот сопруг има врска со колешка. Со него бев од 17 години и навистина му бев посветена. На Фејсбук пронајдов пораки кои си ги праќале а во кои ме нарекуваат дебела крава. Навистина бев уништена.Светот ми се урна. Тој мене секогаш ми велеше дека изгледам убаво и ме охрабруваше да јадам брза храна, но мислел друго. Дури како да сакал да изгледам така!
 
 
Бетси почнала со здрава храна и вежбање во теретана 6 дена во неделата. Се развела од неверниот сопруг и вели дека е среќна.
 
– Јас сум нова личност. Позитивна и среќна. Никогаш претходно не сум била задоволна. Сега со екс сопругот сме дури и во добри односи. Јас сфатив дека тоа што тој го направи не е поради мене туку поради него. Мојот долг пат ми помогна да го сфатам тоа – вели Бетси.