Случај на компјутерска измама, скопјанец преку своја фирма оштетил два телефонски оператори
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ поднесе кривична пријава против А.С.(47), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.
А.С., во својство на управител на фирма од Скопје, потпишал договор со фирма за телекомуникации од Скопје за користење на услуги. Со користење на опремата и софтверот на фирмата за телекомуникации, за која не бил
овластен, ниту регистриран за давање на услуги во областа на електронските комуникации, во период од јули до ноември 2019, навлегувал во телекомуникацискиот систем на два телефонски оператори од Р.С. Македонија и ги менувал податоците за започнатите меѓународни повици.
А.С. наместо нив креирал нов компјутерски податок, прикажувајќи како да се остварува повик од национален телефонски број од Р.С. Македонија, а така изменетите компјутерски податоци како локални – национални повици, се регистрирале во компјутерскиот систем на оштетените телефонски оператори, со што ги оневозможил да наплатат надомест за терминација на дојдовен меѓународен сообраќај со странски оператор.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција