Балкан
3. јуни 2020 - 8:56

Словенија распореди уште илјада полицајци на границата со Хрватска поради мигрантите

Словенија распореди повеќе од 1.000 дополнителни полицајци на границата со Хрватска, поради зголемениот прилив на мигранти по таканаречената балканска рута, изјави изјави заменик-директорот на полицијата Јоже Сеница.

– Зголемување на бројот на илегални мигранти на балканската рута е забележано во последните две седмици, рече Сеница.

Полицијата ќе го интензивира надзорот на делови од границата  кои се во надлежност на полициските управи на Љубљана, Ново Место и Копер, кои инаку најмногу се изложени на нелегалните премини.

– Во акцијата, која ќе трае до петок, полицијата ќе ги користи сите расположиви технички средства. Како и досега, ќе и помагаат припадниците на армијата, рече Сеница.