Loading Video...
Ракомет
15. December 2018 - 17:02

Словенија противник на македонските ракометарки во баражот за СП 2019 г.

Репрезентацијата на Словенија ќе противник на македонските ракометарки во баражот за СП 2019 во Јапонија. 
 
Откако успешно ги минаа квалификациите во кои забележаа убедливи победи над Исланд, Турција и Азербејџан, македонските ракометарки ги дели само уште еден чекор од настап на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Јапонија. 
 
Денешната ждрепка во Париз, ни ја донесе селекцијата на Словенија за противник во баражот, преку кој ќе се брка настап на Мундијалот. 
 
Словенките на ЕП кое завршува утре, го освоија 13.место, со два порази и една победа и тоа над финалистот Русија 
 
Првите бараж натпревари ќе се играат во периодот од 31 мај до 2 јуни, реваншите се од 4 до 6 јни 2019 година.
 
Покрај домаќинот Јапонија, пласман на СП обезбедија и полуфиналистите од актуелното ЕП, Холандија, Романија, Русија, како и актуелниот светски шампион Франција. 
 
Останатите бараж двојки се: 
Хрватска – Германија 
Данска- Швајцарија  
Шведска – Словачка 
Белорусија – Норвешка
Србија – Полска 
Чешка – Црна Гора 
Австрија – Унгарија 
Шпанија - Исланд