Словенија подготвена за претседавањето со ЕУ, еден од приоритетите е почеток на пристапните преговори со Македонија
Словенија е добро подготвена за претседавањето со Советот на Европската унија, што започнува на 1 јули, а најважните теми на дискусија ќе бидат Конференцијата за иднината на ЕУ и напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, а особено почетокот на пристапните преговори со Македонија. Тоа го изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.
– Следните месеци ќе бидат многу тешки за сите нас. Затоа, денеска и утре нема да разговараме толку многу за самото претседателство, туку генерално како да ги материјализираме нашите позиции и нашите обврски од стратегијата за надворешна политика и нашата програма за претседавање, изјав Логар на затворена словенечка конференција за дипломатите која се одржува на Брдо кај Крањ, јави СТА.
– Ни претстојат многу досиеја со големи барања и ќе мора да работиме напорно, нагласил тој пред дипломатите.
Анализирајќи ги односите со соседните земји, Логар истакна дека од минатиот септември, кога беа одржани последните консултации од таков вид, деловната соработка и развојот на инфраструктурните односи се во прв план, што според него може да помогне во надминување на некои отворени прашања.
Словенечкиот претседател Борут Пахор ќе им се обрати на дипломатите денеска, а обраќањето на премиерот Јанез Јанша е најавено за утре.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација