Балкан
19. October 2015 - 11:21

Словенија не дзоволува влез на бегалци од Хрватска

На воз со 1.800 бегалци, кој тргна од хрватскиот град Чаковец кон словенечкото место Средишќе об Драви, не му беше дозволен влез во Словенија, а бегалците, кои пеш го продолжија патот кон границата беа спречени да влезат со ограда од бодликава жица и од словенечката полиција со кучиња.

Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенечките власти не беше постигнат договор за влез на возот во Словенија, одлучено е возот, кој тргнал синоќа околу два часот по полноќ, да биде запрен на последната станица во Хрватска, во Мацинец, а остатокот од патот бегалците го продолжиле пеш, јави Хина.

Иако на патниците во возот им била понудена можност да побараат азил и да останат во Хрватска, сите го продолжиле патот пеш, по шините.

Словенечката полиција меѓутоа го дочекала приливот на бегалци со ограда од бодликава жица и кучиња и не ги пуштила на словенечка територија.

Бегалците од железничкиот премин се насочени кон околниот патен премин Трновец, но ни таму не им бил дозволен влез во Словенија.