Loading Video...
Спорт плус
26. September 2019 - 16:11

Словенија и Полска во првиот полуфинален меч на ЕП

Вечерва во Љубљана започнува битката за влез во финалето на Европскиот шампионат за одбојкари.  Репрезентациите на Словенија и Полска вечерва ќе го играат првиот меч од полуфиналето. 
 
Еден од четирите домаќини на шампионатот, Словенците на патот до полуфиналето стигнаа со три победи и два порази, двата во групната фаза во која загубија од репрезентацијата на Македонија. 
 
Домаќините за кои ова е второ полуфинале на Европските првенства, ќе се обидат и по втор пат да стигнат до финалето. Тие во 2015-тата играа за златото но тогаш беа совладани од Франција. 
 
За нивните противници Полјаците ова ќе биде 10-то полуфинале, а досега веќе имаат освоено осум медали од континенталните првенства. Сепак, актуелните светски шампиони веќе 10 години чекаат на ново финале на Европскиот шампионат. 
 
Кој ќе биде првиот финалист годинава ќе дознаеме по мечот кој ќе започне од 20 часот и 30 минути. 
 
Утревечер во Париз, каде впрочем и ќе се игра финалето, за место во него ќе се борат домаќинот Франција и репрезентацијата на Србија.