-->
-->
Словенија: Дополнителен број војници испратени на границата со Италија како помош за полицијата
-->
Словенечката армија распореди денеска дополнителни 35 војници да и помогнат на полицијата за зачувување на границата со Италија.
Дополнителните сили ќе работат со полициската управа на Копер, а војниците ќе користат опрема за надзор и оклопни возила. Според претставник на армијата, со тоа вкупниот број војници на јужната граница се зголеми на 130.
На војниците им е дозволено да ги бранат полициските службеници ако се нападнати.
На подрачјето на Копер во изминатите недели е регистриран зголемен број мигранти. Во почетокот на овој месец беа воведени заеднички единици на словенечката и италијанската полиција заради спречување илегални миграции на границата со Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти