Балкан
14. July 2016 - 17:54

Словенија: Четири лица загинаа при пад на мал авион

Четири лица загинаа при пад на мал авион со шест седишта во западна Словенија, соопшти словенската полиција, јави БТА.

- Нема преживеани. Полицијата се уште ги разгледува причините за несреќата, изјави претставникот на словенската полиција Деан Божин. 

- Авионот, кој е регистриран во САД, летал од Венеција до Лајпциг, додаде Божин. 

Идентитетот на жртвите се уште не е познат.