Loading Video...
Спорт плус
18. July 2021 - 16:07

Словенецот, Погачар повторно најдобар на Тур Де Франс

 
 
Словенецот, Тадеј Погачар втора година во низа е победник на на најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур де Франс“.
 
Погачар кој минатата година за прв пат триумфираше на велосипедската трка низ Франција и на годинашното 108-мо издание,  го потврди својот квалитет. 
 
22-годшниот Словенецот зад себе ги остави најблискиот конкурент Данец, Јонас Вингегард, за повеќе од пет минути подобро вкупно време, додека трето рангираниот Ричард Карапаз од Колумбија по извозените 21-на етапа и 3,414 километри, имаше нешто над седум минути побавно време.
 
Со овој успех, Погачар стана 21-от велосипедист кој два пати успевал да победи на Тур де Франс. 
 
Инаку дури четврорица велосиупедисти имаат по пет триумнфи на престижното натпреварување, а Шпанецот, Мигел Индураин е единствениот меѓу нив кој пет години во низа од 1991-та до 1005-тата година успевал да триумфира на сите пет изданија во низа. 
 
Од историската вечна листа се избишани достугнувањата на Ленс Армстрон кој беше неприкосновен од 199-тата до 2005-тата година и триумфираше на седум изданија во низа, поради допинг аферата на Американецот.