Балкан
14. March 2018 - 21:33

Словенечкиот Врховен суд го поништи референдумот за железничка пруга Копер-Дивеча

Словенечкиот Врховен суд денеска го поништи референдумот на кој гласачите со тесно мнозинство одобри изградба на железничка пруга и побара да се спроведе ново народно изјаснување.

Во септември минатата година 53,5 отсто гласачи поддржаа изградба на 27-километарска пруга меѓу градот Дивача и јадранското пристаниште во Копер, проект вреден една милијарда евра.

Лидерот на граѓанската организација „Даночни обврзници не се откажуваат“, Вили Ковачич поднесе жалба во судот бидејќи Владата одобрила 95.000 евра буџетски средства за поддршка на кампањата. 

- Владината кампања беше недозволено еднострана, соопшти Судот и нареди Државната избирачка комисија да одреди нов датум  за референдум.

Ковачич нагласува дека железничката линија е исклучително скап проект и повика на отфрлање .Владата досега добила 44,3 милиони евра од ЕУ за подготовка на изградбата. Соседна Унгарија најави инвестирање на околу 200 милиони евра во тој проект.