Балкан
20. October 2016 - 8:51

Словенечкиот премиер во посета на Србија

Словенечкиот премиер Миро Церар ќе пристигне во официјална посета на Србија во текот на следната недела, што ќе биде можност за заедничка седница на владите на двете земји, соопшти прес-службата на словенечката Влада.

Церар ќе се состане со премиерот на Србија Александар Вучиќ и претседателот Томилав Николиќ, а заедно со Вучиќ ќе се обрати до учесниците во српско-словенечкоот деловен форум. 

Со Церар во недела и понеделник во посета ќе дојдат и девет министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата, Карл Ерјавец.