Живот
3. February 2016 - 20:15

Словенец и Македонец возеле со брзина од над 200 километри на час

Хрватската сообраќајна полиција вчера запрела Словенец и Македонец, кои на автопатот А3 (Брегана-Загреб-Липовац), возеле со брзина од над 200 километри на час. 

Полицијата утрово соопшти дека вчера околу 13 часот сопрела 33-годишен Словенец, кој со автомобил марка Бе-Ем-Ве по автопатот возел со брзина од 202 километри на час. 

Само еден час подоцна запрено е возило од типот „Ауди А7“ кое со брзина од 209 километри на час било управувано од страна на 46-годишен Македонец. 

Двајцата, поради сообраќајни прекршоци, односно надминување на дозволената брзина, заработиле парична казна во висина од 389 евра и мерка  забрана на користење на меѓународните возачка дозвола на подрачјето на Хрватска во траење од еден месец.