Балкан
10. January 2020 - 14:04

Словенци плаќале од 200 до 4.000 евра за да положат тестови за возачки испит

Седумдесет и осум кандидати за возачи во Љубљана платиле поткуп од 200 до 4.000 евра за да го положат тестот за возачки испит, соопшти словенечката полиција.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, две лица се осомничени како организатори на лажирањето на тестовите. И двајцата биле вработени во државната управа. Едниот е 36, а другиот е 26-годишен маж кој всушност имал „задача” на кандидатите да им ги впишува точните одговори во тестовите.

Полицијата извршила претрес на 81 локација со цел прибирање на докази.