Свет
22. April 2016 - 11:10

Словачкиот премиер хоспитализиран поради проблеми со срцето

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ќе биде опериран во Кардиолошкиот центар, јавија локалните медиуми.

Како што јави дописникот на МИА, официјални информации за неговата здравствена состојба нема.

Неименувани извори, велат дека се работи за бајпас операција на срцето.
Фицо беше хоспитализиран минатата недела, откако не се чувствувал добро по редовното утринско трчање. Претходно, тој откажа неколку официјални посети и состаноци.