Свет
14. October 2015 - 16:31

Словачка ќе испрати полицајци во Унгарија за справување со мигрантите

Словачката Влада денеска одлучи да испрати 50 полицајци, кои ќе и помогнат на соседна Унгарија да го контролира бројот на мигрантите, кои ја преминуваат границата за да влезат на територијата на Европска унија.

Словачка и другите централноевропски држави, кои примија десетици илјади мигранти од Сирија, Авганистан и другите конфликтни зони, изјавија дека ЕУ треба да ги зајакна надворешните граници.

- Ако Чешка, Полска, Словачка и Унгарија ги обединат силите, тоа ќе биде значителен придонес за зачувување на шенгенската граница меѓу Унгарија и Србија, истакна словачкиот премиер Роберт Фицо.

Словачкикте полицајци ќе бидат на унгарска граница еден месец.

Претходно и чешката Влада исто така одобри испраќање на полицајци и војници на унгарска граница. 

Земјите-членки на ЕУ се обидуваат да се договорат стратегија за справување со мигрантската криза. Унгарија, Словачка и Чешка се против планот за задолжителни национални квоти со кои е предвидено 120.000 мигранти да се распоредат во 28 земји-членки.