Слободни 670 места за студии за жени над 30 и мажи над 35 години во 2015/2016
Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот 30/35 за упис на факултет за академската 2015/2016 година, наменет за жени над 30 и мажи над 35 години кои немаат високо образование или не го дооформиле.
Обезбедени се вкупно 670 слободни места, од кои најмногу на Државниот универзитет-Тетово (315), на Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ 230, на „Гоце Делчев“ во Штип 80 и на „Климент Охридски“ во Битола 45 места. На кандидатите им се на располагање вкупно 44 студиски програми, во најголем дел технички, на 16 факултети од четирите универзитети. Тие самите ги утрврдуваат критериумите и роковите за упис.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски рече дека кандидатите треба да имаат завршено четигодишно средно образование и заснован работен однос на неопрделено време или невработени лица кои се пријавуваат во Агенвијата за вработување најмалку пет години. Тие ќе ги кофинансираат студиите со 200 евра годишно. Повеќе информации се наведени на вебс-траницата на МОН www.mon.gov.mk.
- Конкурсот е проектиран согласно со резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјата и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимања кои се актуелни или ќе бидат барани во иднина. Проектот 30/35 се спроведува шеста година и досега можноста ја искористиле околу 1500 граѓани, рече Ристовски.
Ново на Сител
-
Гаши во Гостивар во посета на канцелариите за контакти со пратениците
-
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ
-
Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на на советот на Град Скопје
-
Примопредавање на должност меѓу досегашниот и новиот претседател на Советот на ЕУ
-
Рускиот министер за одбрана пристигна во посета на Северна Кореја
-
МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади
-
Наутро магла и облачност, попладне дожд
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ