Македонија
13. August 2016 - 8:59

Слики на Живко Поповски Цветин на донаторска акција за настраданите во поплавите

Познатиот хуманист и сликар Живко Поповски Цветин денеска ќе слика цветови на мирот и љубовта кои ќе ги дарува на сите хумани луѓе кои ќе донираат средства кои преку Црвениот крст на град Скопје ќе бидат наменети за настраданите од поплавите во скопскиот регион.

Донаторската акција ќе се одвива пред спомен плочата на Мајка Тереза пред ГТЦ во организација на Граѓанската  асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза".