Живот
21. November 2017 - 17:27

Следува период на слави: Еве како да отидете на сите, а да не се здебелите

Следува долг период за слави, домаќините се трудат нивната трпеза да биде што побогата, па во продолжение прочитајте како да ги поминете сите слави и да ги испочитувате домаќините, а сепак да не се прејадете и да не се здебелите.

Сити или гладни

Треба да се трудите начинот на исхрана да остане правилен дури и во овој период од годината. Доколку одите на слава во попладневните часови, секако би требало претходно да имате два оброка. Бидејќи вечерниот оброк на гости многу веројатно дека ќе биде обилен, за ручек треба да изедете нешто полесно. Традиционалната славска трпеза е богата со месо или риба, разни салати, ролати, слатки. Затоа вие дома ставете акцент на свежото овошје и зеленчук. Ако отидете на свечена вечера, за ручек одберете салата, а за појадок на пример овошје или комбинација на житарки со јогурт или кефир.

Од се по малку

Голем дел од храната која е на славската трпеза може да биде оброк сама за себе. На пример порција сарми од кисела зелка од 350 грама има 460 калории, порција руска салата 200 грама има 600 калории, 200 грама грав има околу 300 калории, 100 грама печено месо има 230 калории.

 -Мојата препорака е да одберете едно јадење или  во чинијата да ставите од неколку јадења, но во мала количина на пример супена лажица руска салата, грав, пола парче торта. И секако немојте да ја дополнувате чинијата. Не мора од се да пробате, слободно кажете му на домаќинот дека се изгледа преубаво, но дека ќе се „чувате“ за она што најмногу го сакате, вели нутриционистот кој ги дава овие совети.

Ако сепак изедете премногу

Едно правило кое треба да го почитувате е да завршите со јадењето  2 часа пред да одите на спиење, или можеби е добра идеја да прошетате по обилната вечера. Не се откажувајте од слатките, но и тука важи правилото за умереност.

Препораки

Бидете умерени

Уживајте во храната, но не ги заборавајте правилата за здрава исхрана

Секогаш имајте на ум дека во просек потребно е многу помалку време да додадете неколку килограми отколку да ги изгубите.