Бизнис
14. December 2019 - 16:34

Следната недела резултати за работата на концесионерот на Охридското езеро

Следната недела ќе се обелодени работата на новиот концесионер на Охридското езеро. Откако ќе бидат готови извештаите од инспекциските служби кои деновиве вршат контрола за да утврдат дали има злоупотреби после обвинувањата од страна на  рибарите ќе се постапува согласно законот.

Министерот Димковски вели дека одржани биле неколку средби на кои биле сослушани и двете страни но сепак последниот збор ќе го даде документот од надлежните. Неизвесно останува дали доколку се утврдат

Неправилности  во работењето министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја одземе концесијата за стопанисување со рибниот фонд на Охридското Езеро.

Рибарите револтирани обвинија  дека има злоторничко здружување од страна на единствените учесници на електронската аукција за највисок надомест за концесија за стопански риболов , дека концесионерот работи на црно а уловената риба се откупува по ниска цена без договори за работа .

Новиот концесионер фирмата „Летница белвица“,кој наредните шест години ќе стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро ги отфрла обвинувањата и вели дека работи согласно законот поткрепен со документи.