Следната година дигитализација на клучните регистри во институциите и нови 120 електронски услуги
Дигитализација на клучните регистри на институциите и развој на дополнителни 120 електронски услуги се дел од активностите што ги најавува Министерството за информатичко општество и администрација за следната година.
– За мене најважен дел за реформата на јавната администрација е дигитализацијата. Годинава веќе имаме конкретни и видливи резултати. Го пуштивме во употреба централниот регистар на население, веќе го имаме новиот портал на отворени податоци, а следната недела ќе го промовраме новиот национален портал за електронски услуги, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Тој денеска присуствуваше на конференција посветена на идните предизвици на Стратегијата за реформа на јавната администрација во чии рамки го потпиша и меморандумот за понатамошна соработка со ОБСЕ.
Во конференцијата беа анализирани сите досегашни активности преземени согласно стратегијата, како и новите мерки од акциониот план за спроведување на реформата во јавната администрација.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море