Џет-Сет
19. April 2018 - 15:42

Славниот боксер на штикли, во мрежести чорапи: Овој секс скандал го шокираше светот!

Поранешниот боксер Оскар де ла Хоја е на мета на уценувачи поради секс видеото со него кое во кујна го снимиле бринета и русокоса кои се претставуваат како Инстаграм модели.

На видеото наводно е попуалрното Златно момче кој гол во кујна има односи со две девојки, а целото шоу е зачинето со кујнски садови, кои во овој случај ги користи како секс играчки.

Интересно е што ова е само еден скандал во низата на контроверзниот боксер кој веќе добро се „испече“ пред неколку години и тоа со сибирската стриптизета Милана Дравнел. Забавувачката Милана го фотографирала и потоа во 2011 година во јавност го пушти материјалот на кои боксерот е во потперици и женски мрежест костим и позира со црвени ракавици за бокс.

Милана тврдеше дека со неа Де ла Хоја ја мамел сопругата, додека тој се бранеше дека бил дрогиран и под дејство на алкохол. Сепак и сам подоцна призна дека оргијал со неа во њујоршкиот хотел Риц.

Да потсетиме, Оскар де ла Хоја е освојувач на златен медал на Олимписките игри, а во својата витрина има и 10 светски титули во различни категории.