Македонија
13. July 2016 - 20:54

Слаб земјотрес регистриран во Скопско

Слаб земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје е регистриран вечерва во 19 часот и 13 минути од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата,ј земјотресот е почувствуван во Скопје со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала–1998.