Свет
13. October 2017 - 12:05

Слаб земјотрес регистриран во Северна Кореја

Земјотрес со интензитте од 2,9 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на местото каде Северна Кореја минатиот месец ја изврши најсилната нуклеарна проба.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил регистриран во 01:41 по локално време, на длабочина од пет километри.

- Ова се случи на подрачјето каде претходно Северна Кореја извршуваше нуклеарни проби. Настанот има карактеристики кои наликуваат на земјотрес, но сепак не можеме да изведеме сигурен заклучок за тоа дали е предизвикан од природна или човекова активност, наведува Американскиот геолошки институт.

Во исто време, Метеоролошката служба на Јужна Кореја соопшти дека „анализите покажуваат дека бил земјотрес, кој не придизвикал никаква штета“.