Балкан
23. March 2023 - 13:47

Слаб земјотрес регистриран во централна Турција

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и во област на 64 километри северозападно од Кахраманмараш, градот што беше најтешко погоден од катастрофалниот земјотрес во февруари.