Македонија
18. August 2015 - 16:54

Слаб интерес за студирање македонски јазик

Македонците немаат интерес да го изучуваат сопствениот јазик. Од предвидените 120 места, само 23 матуранти одлучиле  да студираат македонски јазик на филолошкиот факултет во Скопје.

Но професијата професор по македонски јазик е се поатрактивна за бруцошите Албанци. 

Од година в година расте интересот за студирање. Во првиот пусен рок запишани се 6 мина кои по 4 години ќе добијат диплома и ќе имаат можност да бидат професори.

Наспроти ова квотите за англиски јазик се пополнуваат веднаш и се бара и место повеќе. Деканот на филолошки вели дека словенските јазици се во криза и мора итно да се поработи на поголема промоција и привлекување на студенти.

Македонистите велат дека не може да очекуваме другите да го почитуваат и знаат нашиот јазик кога самите не се грижиме за него.

Потребна е поголема застапеност и изучување на македонскиот јазик на светските универзитети. Тоа е единстевеното обележје преку кое се јакне идентитетот.

Од  речиси 20 000 универзитети во светот, нашиот јазик се изучува само на 30, од кои на 11 има лекторати.