СКСЗМ на средби со компании од Скопје
Претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска на средби со компании од Скопје ги анализираа начините за подобрување на бизнис климата во градот и околината.
На средбата, информираат од СКСЗМ, пред повеќе од 40 компании, извршниот директор Фатмир Битиќи ги презентираше сите активности на Комората, како и придобивките што ги добиваат компаниите со зачленувањето во СКСЗМ, која малите и средните претпријатија ги гледа како генератор на економскиот развој.
- Токму затоа имаме за цел да се запознаеме со нивните проблеми и заедно да ги разгледаме можностите за подобрување на климата за бизнисите кои ги претставуваат. Комората има за цел да промовира позитивна бизнис клима, и заштита на интересите на бизнисот воопшто, со посебен акцент на женското претприемништво, потенцираат од СКСЗМ.
Посетата на компаниите од Скопје е во рамките на караванот на СКСЗМ и следи по средбите со бизнисмените во Куманово и Тетово. Од Комората најавуваат дека нивните состаноци со бизнисмените ќе продолжат следната недела во Кичево и Гостивар.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо