Loading Video...
Спорт плус
8. July 2018 - 19:13

Скромен настап на Стефановски и Давидовски на Хунгароринг

Нашите претставници во шампионатот на ТЦР- Европа  Стефановски и Давидовски немаа свој ден на славниот Хунгароринг во Унгарија.

          Игор Стефановски Иџе  на денешната втора трка  на Хунгароринг стартуваше како 17-ти но остана без пласман  поради проблеми со возилото и се откажа по само  5 извозени круга. 

          Вториот наш претставник Виктор Давидовски  стартуваше  како  22-ри но на крајот успеа да стигне само до 18. Позиција.

          Да потсетиме дека вчера на првата трка на Хунгароринг  Игор стефановски се пласира на 13. Позиција додека Давидовски беше веднаш зад него  14-ти.

          Што се однесува до денешната трка, најдобри беа Франциско Мора од Португалија, Даниел Наѓ од Унгарија и Џош Фајлс од Британија.