Македонија
13. October 2021 - 16:47

Скринингот во училиштата стартува од утре

По една недела доцнење од понеделник ќе почне тестирањето за Ковид во училиштата. Министерот за здравство изјави дека од утре заедно со министерството за образование ќе бараат согласност од родителите за да може да им се земе брис на децата. По случаен избор Ќе бидат опфатени 8.200 ученици во основно и средно во целата држава. Филипче очекува скринингот да заврши до идниот петок. Целта е да се види дали има асимптоматски случаи во образовните установи.

-Се знае колкава бројка во кој од класовите во кои училишта ќе бидат опфатени согласно бројката на училишта во општините и ученици во тие училишта, и основни и средни. Верувам дека тоа брзо ќе се спроведе бидејќи ќе се прави преку електронскиот дневник како и поради можноста на родителите веднаш да одговорат. Апелирам да го прифатат скринингот. Не е тоа ништо страшно, се зема обичен брис кај децата, исто како брисевите за детектирање и на други причинители на горнореспираторни инфекции со цел за пократко време да имамаме еден пресек, една слика, изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче.

За најавата дека за влез во угостителски објекти и други затворени простории ќе се бараат две дози вакцини, Владиниот кризен штаб ќе дискутира во понеделник, ден по изборите. Филипче истакна дека ова најверојатно ќе биде воведено како Ковид мерка, но ќе се остави простор од недела - две за да може заинтересираните да се извакцинираат.

-Освен тоа, засега не се размислува за други мерки, истакна Филипче, иако тоа не се исклучува, рече Филипче.

Здравствените власти не очекуваат претстојната зима нов силен Ковид- бран. Според Филипче засега вакцинацијата дава ефект, но Македонија со опфат од 45 проценти имунизирано население е на половина пат до колективен имунитет.