Македонија
15. October 2018 - 23:04

Скрининг во Дирекцијата за заштита и спасување од Европскиот механизам за цивилна заштита

Детална анализа на сите клучни сегменти во системот за заштита и спасување, детектирање на слабостите,  но и добрите практики ќе бидат опфатени со скринингот во Дирекцијата за заштита и спасување,  кој започна денеска и ќе трае до 25 октомври, а ќе го спроведува тим од ЕУ и државите кандидатки.

Како што соопштија од ДЗС, со скринингот, кој е инструмент во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита, меѓу другото ќе се разменуваат искуства и ќе се дадат насоки и препораки кои ќе придонесат за унапредување на системот.

На денешниот состанок во ДЗС, предводен од директорот на Дирекцијата Аднан Џафероски, покрај претставници од надлежните домашни институции, учествуваа и експерти од Европската Комисија, Велика  Британија, Тунис, Германија.